Екипи од вкупно осум различни земји остануваат во трката за трофејот во Лигата на шампионите сезонава, а денешната ждрепка во Нион ги одреди осминафиналните двојки, но и можните парови во четвртфиналето, како и костурот за евентуалните полуфинални дуели.
Финалето на ЛШ ќе се игра на 31 мај на „Алијанц арената“ во Минхен.
Голем предизвик ќе има за неколку екипи кои се сметаат за фаворити за трофејот. Актуелниот европски првак Реал Мадрид ќе игра против градскиот ривал Атлетико.
Второто големо дерби ќе биде меѓу најсилните германски екипи Баерн Минхен и Баер Леверкузен, а сигурно ништо понеизвесно нема да биде ни на пресметката меѓу Ливерпул и ПСЖ.
ДВОЈКИ ВО ОСМИНАФИНАЛЕТО:
Бриж – Астон вила
Лил – Борусија Дротминд
Атлетико Мадрид – Реал Мадрид
Баерн Минхен – Баер Леверкузен
Арсенал – ПСВ Ајндховен
Феенорд – Интер
Ливерпул – ПСЖ
Барселона – Бенфика