Тежок пораз од Косово за најдобрите македонски фудбалерки

Женската фудбалска репрезентација на Македонија со пораз од 0-4 дома против Косово ги почна настапите во новата сезона во Лига Ц од Лигата на нации.

Бичкај со голови во 6-та и 49-та минута ја најави победа на Косоварките, а Фетај во 65-та и Метај во 67-ма минута, ставија точка на дилемите околу победникот.

Следен меч за Македонија е на 4-ти април повторно во Скопје, против Летонија, но после денешниот убедлив пораз, јасно е дека тешко ќе биде да се освои првото место во групата кое води во поквалитетната Лига Б.

- Оглас -

Најнови вести