Маслинко: „Сега не успеавме, но се надевам дека на следното ЕП ќе бидеме таму“

Македонија со убедлив пораз од 84-65 од Естонија практично ги заврши квалификациите за Европското првенство, иако во понеделник го играме последниот меч против Полска на домашен терен, но тој ќе биде само од ревијален карактер.

И покрај поразен, еден од најдобрите во нашите редови вечерва, покрај Шортс и Димитријевиќ, Андреј Маслинко, е оптимист дека Македонија може да се пласира на следниот континентален собир во 2029 година.

„Го зпочнавме добро мечот, го контролиравме првото полувреме, имавме водство од еден поен разлика на паузата. Второто полувреме беше многу лошо, бидејќи загубивме со 20-тина поени разлика, но ги загубивме и шансите за пласман на Европското првенство. Сега не успеавме, но се надевам дека на следното првенство ќе бидеме таму.“ – рече Маслинко.

- Оглас -

Најнови вести