Атлетико Мадрид ќе игра три пати против Барселона и два пати против Реал Мадрид во следните 37 денови

Атлетико Мадрид вечерва гостува кај Валенсија во меч од 25 коло на шпанското првенство. Мадридскиот гигант е само еден бод зад лидерот Барселона и е фаворит за победа кај Валенсија.

По денешниот меч со Валенсија следува пеколен распоред за Атлетико Мадрид. Тимот предводен од Диего Симеоне од 25 февруари до 2 април треба да одигра пет меча со најголемите ривали Реал Мадрид и Барселона.

На 25 февруари Атлетико Мадрид ќе игра против Барселона во првиот меч од полуфиналето во Купот на Шпанија. Вчера беше ждрепката за осминафиналето во Лигата на шамиони, каде Атлетико за противник го доби Реал Мадрид. Мадридското дерби во Лига на шампиони прво ќе се игра на 4 март, а реваншот е на 12 март.

Потоа Атлетико Мадрид повторно ќе се фокусира на Барселона. На 16 март Јорганџиите ќе играат повторно со каталонскиот гигант и тоа во шпанското првенство.

Кулминација на овој период од 37 денови е дуелот повторно против Барселона и тоа во реваншот од Купот на Шпанија на 2 април, кога и ќе се знае патникот во финалето.

Инаку, од денеска до 2 април Атлетико ќе одигра вкупно девет натпревари.

- Оглас -

Најнови вести