Пет натпревари од најсилните лиги во Европа се дел од денешните Квоти на ден, а ако сите пет комбинации ги одиграте заедно, ќе добиете вкупен кеофициент од 41.49.
Евертон е домаќин на Манчестер јунајтед и тука опцијата е да има голови во двете полувремиња, но не повеќе од три погодоци, за да биде добитна комбинацијата што носи квота од 2.20.
Кил го пречекува германскиот првак Баер Леверкузен и тука гостинот е тој кој треба да постигнува од 1-3 голови во првото и исто толку во второто полувреме, опција која е со квота два.
Милан гостува кај Торино и Росонерите треба да не загубат во пресметка на која ќе биде постигнат барем еден погодок во првото полувреме. Оваа комбинација е со квота од 2.05.
На дуелот меѓу Астон вила и Челзи треба да има победник, но потребно е да има и погодоци на двете страни за да биде добитен коефициентот од 2.30.
Барселона е голем фаворит на гостувањето кај Лас Палмас и каталонскиот гигант треба да постигне барем еден погодок во првото полувреме, а на крајот да има најмалку три погодоци во мрежата на домаќините. Квотата за оваа комбинација е точно два.