Далас игра одлично по заминувањето на Дончиќ, победи петти пат во последните шест меча (Видео)

Екипата на Далас маверикс продолжува со добри резултати по заминувањето на првата ѕвезда Лука Дончиќ. На свој терен, Далас славеше над Њу Орлеанс со 111:103, во меч на кој домаќините брзо поведоа со 10 разлика (30:20). Њу Орлеанс во втората и третата четвртина во неколку ситуации покажа сила и го презема водството.

Клучниот момент се случи пред крајот на третата четвртина кога Далас со серија од  9:0 стигна до 78:72 и потоа до крајот на дуелот, домаќините го контролираа резултатот и стигнаа до петата победа во последните шест средби.

Кајри Ирвинг со 35 поени беше предводник кај побендичкиот тим, а одличен беше и Вашингтон кој додаде 24 поени.

Резултати од мечевите одиграни ноќеска: Кливленд – Њујорк 142:105, Орландо – Мемфис 104:105, Вашингтон – Милвоки 101:104, Торонто – Мајами 111:120, Далас – Њу Орлеанс 111:103, Сан Антонио – Детроит 110:125, Хјустон – Минесота 121:115, Јута – Оклахома 107:130, Сакраменто – Голден Стејт 108:132.

- Оглас -

Најнови вести