Евертон и Манчестер јунајтед приредија драма каква ретко се гледа (Видео)

Евертон и Манчестер јунајтед на спектакуларен начин го отворија денот во Премиер лигата. Средбата заврши 2-2, па Јунајтед го избегна четвртиот пораз во последните пет кола.

Заврши позитивната низа на Дејвид Мојс на домашните мечеви против Црвените ѓаволи. Мојс го победуваше Манчестер и како менаџер на Вест Хем во мај и декември 2023 година, а истотака славеше и претходниот пат (во август 2012) кога беше тренер на Евертон на „Гудисон парк“ против славниот клуб на која клупа седеше и самиот тој во сезоната 2013/2014.

Евертон водеше 2-0, а во 72-ра минута Бруно Фернандеш даде гол од слободен удар за 1-2 и тоа беше инјекцијата која им требаше на Ѓаволите. Ова беше прв гол од слободен удар за Манчестер во Премиер лигата од оној на Кристијано Роналдо против Норвич во април 2022 година. На 2-2 израмни Мануел Угарте со својот прв гол во дресот на Манчестер.

Во судиското продолжение, имаше по една сомнителна ситуација во двата 16-ника, с судијата покажа пенал само за Евертон. Сепак, ВАР технологијата го стори своето, по прегледување на снимка, одлуката беше променета и Карамелите останаа без шанса да победат.

- Оглас -

Најнови вести