Руската тенисерка Мира Андреева влезе во историјата на женскиот тенис, откако со 17 години и 299 дена стана најмладата освојувачка на турнир од ВТА 1000 категоријата. Ваквиот тип на турнири се играат со 2009 година во женска конкуренција, а Андреева на патот до трофејот успеа да победи против три поранешни освојувачки на Гренд слем турнири, Вондроушова, Швјонтек и Рибакина.
Андреева во финалето на ВТА 1000 турнирот во Дубаи ја победи тенисерката од Данска, Клара Тосон, со максимални 2-0, по сетови 7-6 и 6-1.