Европската фудбалска куќа објави дека е покрената истрага против ѕвездата на ПСЖ, Нејмар. Бразилецот со коментар на социјалните мрежи ги навреди судиите кои доделија пенал во корист на Манчестер јунајтед во реваншот во осминафиналето од ЛШ. УЕФА наведе дека Нејмар го прекршил членот 11 од дисциплинскиот правилник.
Со помош на ВАР-технологијата, Јунајтед доби пенал во завршните минути од средбата во Париз и со погодокот на Рашфорд за триумф од 3-1 обезбеди пласман во следната фаза.
„Срамота! Четворица непознавачи на фудбалот седат пред монитор и гледаат забавена снимка. Како треба да ја постави раката ако е свртен со грбот? Од*бете!“, беше коментарот на Нејмар.
Одлуката околу казната на Нејмар ќе ја донесе етички и дисциплински инспектор, а се верува дека ќе биде парична, но не е исклучена можноста да биде суспендиран на неколку натпревари од европското натпреварување