Рубен Аморим: „Оваа сезона треба да се преживее!“

Манчестер јунајтед одигра нерешено, 2-2, на гостувањето кај Евертон, и се спаси од пораз иако имаше негатива од 2-0. Тренерот на „црвените ѓаволи“ жали што не успеале да дојдат до целиот план, но вели и дека оваа сезона едноставно мора да се преживее.

„Требаше да ги освоиме трите бода. Требаше да победиме. Најлошото е што ја губиме топката без никаков притисок. Не игравме како што требаше. Во второто полувреме не сменивме ништо, треба само да ги правиме истите работи, но подобро. Денес имавме проблем да постигнеме гол. Треба само да ја преживееме оваа сезона, а потоа да размислуваме за иднината.“ – рече Аморим.

- Оглас -

Најнови вести