Алкалоид со нова победа го потврди пласманот во четвртфиналето на Европскиот куп

Ракометарите на Алкалоид со втората победа над италијански Бриксен само си го официјализираа пласманот во четвртфиналето од Европскиот куп. „Фармацевтите“ на реваншот победија со рутински 38-31 и со вкупни 82-63 се изборија за пласман помеѓу најдобрите осум екипи во третото по ранг натпреварување во ЕХФ.

За Алкалоид ова беше шестта победа на шесттиот меч во европа оваа сезона. Најдобар поединец во редовите на актуелниот освојувач на Купот на Македонија беше Александар Петковски со осум гола, додека Марко Митев даде еден помалку.

- Оглас -

Најнови вести