Голем удар за шампионските амбиции на Динамо: Ријека ги истрати со четири гола и се врати на врвот (Видео)

Динамо Загреб доживеа вистински дебакл во дербито на колото во хрватското првенство и загуби на гостувањето кај Ријека со 4-0. За екипата од Загреб стартер беше Аријан Адеми, кој беше заменет во 74-тата минута, додека Стефан Ристовски не доби шанса за настап.

И во екипата на Ријека имаше македонски фудбалер, Јован Манев, кој во игра влезе во 88-мата минута.

Поразот од Ријека е голем удар за Динамо во борбата за шампионската титула. Ријека е прва со 45 бода, еден повеќе од Хајдук, додека Динамо е дури трет со 38 поени.

- Оглас -

Најнови вести