Нов шок за Челзи: Астон вила на крилјата на двоецот „Асенсио – Рашфорд“ до пресврт за победа (Видео)

Астон вила и Челзи одиграа фантастичен меч, на кој на крајот се радуваа домашните со 2-1. За „сините“ ова е трет пораз во низа, после двата од Брајтон, но на „Вила парк“ имаа водство од 0-1 со голот на Енцо Фернандес уште во деветтата минута.

Сепак, тогаш на сцена стапи двоецот Марко Асенсио – Маркус Рашфорд. Првиот со два гола во 57-мата и 89-тата минута, вториот како асистент и во двата случаи.

- Оглас -

Најнови вести