Фудбалерите на Интер им се вратија на победите, а најзаслужен за тоа е Лаутаро Мартинес, кој беше стрелец на единствениот гол во победата над Џенова од 1-0 на домашен терен.
единствениот гол на мечот се падна во 78-мата минута, кога Аргентинецот одлично реагираше на нафрлената топка после корнерот на Чалханоглу.
Интер дојде до 57 бода, еден повеќе од Наполи и се искачи на врвот од табелата во Серија А, но екипата од Неапол во недела гостува кај Комо, па со евентуална победа повторно ќе се врати на чело на табелата.