Меси асистира, Интер Мајами со играч помалку се спаси од пораз во 100-тата минута (Видео)

Интер Мајами со домашен кикс против Њујорк сити ја отвори новата сезона во МЛС лигата. Лионел Меси со две асистенции го спаси Интер од пораз, откако останаа со играч помалку на теренот во 23-тата минута. Томас Авилес во петтата минута ги донесе домашните во водството, а подоцна истиот фудбалер беше исклучен. Илениќ и Мартинес направија пресврт, а Сеговиа во 100-тата минута по фантастична асистенција на Лионел Меси ги постави конечните 2-2.

- Оглас -

Најнови вести