1121 Манчестер сити – Ливерпул (17:30)
Погледите на светската фудбалска јавност попладнево ќе бидат насочени кон „Етихад“ стадионот и мечот помеѓу Манчестер сити и Ливерпул. „Граѓаните“ на последниот меч загубија од Реал Мадрид со 3-1, додека „црвените“ одиграа нерешено, 2-2, против Астон вила. Двете екипи играа „ГГ и 4+“, а очекувањата се дека така ќе биде и на нивниот меѓусебен меч, секако, на задоволство на љубителите на фудбалот.
Предлог тип: ГГ и 4+ (2.23)
1307 Реал Мадрид – Жирона (16:15)
Барселона и Атлетико Мадрид му фрлија ракавица на Реал Мадрид, па сега „кралевите“ немаат избор и ќе мора да ја победат Жирона на домашен терен за да останат во трка со најголемите конкуренти за титулата во Ла Лига. Последните три меѓусебни дуели на овие две екипи завршија со победа на Реал Мадрид, двапати со по 3-0 и еднаш со 4-0.
Предлог тип: 1 & Т1 3+ (1.89)
1808 Баерн Минхен – Ајнтрахт Франкфурт (17:30)
Баерн Минхен на домашен терен го пречекува најголемото изненадување во Бундес лигата оваа сезона, Ајнтрахт Франкфурт. „Баварците“ имаат пет бода предност пред актуелниот шампион, Баер Леверкузен, па со евентуална победа на домашен терен ќе се вратат на предноста од осум бода и ќе си ја направат завршницата од првенството полесна.
Предлог тип: 1-1 & 2+ (1.80)
3009 Каљари – Јувентус (20:45)
Јувентус пред сензационалната елиминација од Лигата на шампионите од ПСВ после продолженијата, имаше четири победи по ред, па сега раните од европскиот неуспех ќе ги лечи на гости кај Каљари. „Старата дама“ ја има фаворитската улога, а се очекуваат и голови, со оглед на тоа дека ги имаше по најмалку три на четири од последните пет меѓусебни дуели на овие екипи.
Предлог тип: Х2 & 3+ (2.95)
3008 Емполи – Аталанта (18:00)
Неочекувана елиминација од Лигата на шампионите доживеа и Аталанта, која денес гостува кај Емполи. Очекувањата од овој дуел се дека ќе има голови, слично како што беше на последните пет меѓусебни дуели, на кои имаше по најмалку два гола.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.98)