Раководството на Тотенхем упати официјално барање до медиумите на Островот повеќе да не го нарекуваат „Тотенхем“, туку со неговото официјално име. Во барањето се наведува дека името на клубот е „Тотенхем Хотспар“ или едноставно „Спарс“.
Причината за ваквиот потег е фактот дека Тотенхем е населба во Северен Лондон, местото каде клубот ги игра своите домашни натпревари од своето формирање па се до денес, со исклучок на периодот кога настапуваше на Вембли додека се градеше нивниот нов стадион.
Раководството сака да направи единствен бренд од името Спарс, бидејќи нитуеден друг клуб во Англија нема таква додавка, како што често се даваат имиња на клубовите од типот на Сити, Јунајтед или Албион.
Во моментов првата асоцијација кога ќе се спомене Тотенхем е клубот и никој не го поврзува името со населбата во Северен Лондон.