Барселона многу тешко дојде до победата од 0-2 на гостувањето кај Лас Палмас, а стравуваше за трите бода се до 95-тата минута, кога Феран Торес го постави конечниот резултат.
„Се чувствувам уморен. Не одигравме најдобро што можевме. Беше многу тежок натпревар, но на крајот се е во ред. Тука се играчите од клупаат. Добиваат шанса и нивно е да се покажат. Понекогаш тоа е најдобрата опција која ја имаме, тие да ни помогнат. Но кој ќе игра, а кој не, зависи само од мене. Голот на Олмо е многу значаен и за нас и за него. Неговото појавување на теренот е позитивен момент.“ – рече Флик после натпреварот со Лас Палмас.
Барселона најмалку до 18 часот попладнево ќе биде осамена на врвот од табелата во шпанската Ла Лига со 54 бода, еден повеќе од Атлетико Мадрид и три од Реал Мадрид.