Интер дојде до тешки три бода на домашен терен против Џенова со голот на Лаутаро Мартинес во самиот финиш, а со тоа ја продолжи битката за титулата со Наполи.
„Мора да им честитаме на Џенова и Виеира, бидејќи одиграа добар натпревар. Не бев изненаден, биејќи веќе ги гледав. Сакам да им честитам и на моите момци, ова беше 37-ми натпревар оваа сезона, а оние кои играат и за репрезентациите, имаат одиграно и повеќе. Покажаа голема одлучност, секој викенд гледаме дека нема лесни натпревари во Серија А. На противникот му дозволивме само една добра шанса, а Мартинес одлично одбрани. Создадовме многу шанси и го ставивме на тест нивниот голман. Многу сум среќен и би го кажал истото и да не победевме, бидејќи момците навистина дадоа се од себе. Нашите навивачи видоа дека се мачиме, но нѐ поддржаа. Имаме ногу натпревари во следните три седмици.“ – рече Симоне Инѕаги.
Интер привремено се искачи на врвот од табелата во Серија А и ќе го чека исходот од мечот помеѓу Комо и Наполи.