Паркер го нокаутираше ривалот тежок 142 кг, Бивол стана апсолутен светски првак (Видео)

Главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, повторно беше домаќин на боксерски спектакл. Димитри Бивол е нов апсолутен светски првак во полутешка категорија во сите четири верзии (ИБФ, ВБА, ВБЦ и ВБО), откако во феноменален меч му го нанесе првиот пораз во кариерата на Артур Бетербиев.

Овие двајца боксери се сретнаа во октомври минатата година кога победи Бетербиев, што значи дека Бивол сега успеа да му се реваншира и да му ги одземе сите четири шампионски појаси. Борбата беше решена со судиска одлука откако едниот судија сметаше дека било нерешено 114:114, но останатите двајца предност му дадоа на Бивол и тоа со 116:112 и 115:113.

Јосеф Паркер требаше да се бори за титулата светски првак во ИБФ верзијата против Даниел Дубоис, но Дубоис поради повреда, во последен момент го откажа овој дуел. Како замена за Дубоис влезе Мартин Баколе, кој едноставно не беше подготвен за ваков меч.

Иако Баколе успеа во првата рунда да делува агресивно, боксерот кој има 142 килограми, веќе во втората рунда беше пратен на патос. Паркер имаше неколку прецизни силни удари, а Баколе беше нокаутиран.

Доколку Дубоис се бореше со Паркер, победникот ќе можеше да го предизвика Олександер Усик, кој ги држи сите појаси светски првак во тешка категорија.

- Оглас -

Најнови вести