Екипата на Комо направи големо изненадување откако на свој терен успеа да слави со 2:1 во дуелот против Наполи, во 26 коло од Серија А. Овие три бода се многу значајни за Комо во борбата за опстанок, додека Наполи по овој кикс, го препушти лидерското место на табелата. Наполи остана на 56 бодови, а Интер има 57 бодови.
Уште во раната фаза од мечот беше најавено дека Комо е подготвен да триумфира и поведе со автоголот на Рахмани во седмата минута.
Rrahmani own goal… Como VS Napoli [1]-0
byu/Samare13 insscnapoli
Наполи брзо се врати во игра и израмни со голот на Распадори во 17 минута, што беше резултат на полувреме. Гостите доминираа во второто полувреме, создаваа многу повеќе шанси, но сепак, не само што не успеаа да постигнат гол за водство, на крајот примија и загубија.
Се играше 77 минута кога Диао донесе голема радост за Комо. Сите погодоци од овој меч може да ги видите ТУКА.