Македонските навивачи од денеска може да купат билети за дуелот против Лихтенштајн во Вадуц

Македонската фудбалска репрезентација за помалку од еден месец ќе ги започне квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година. Првиот меч Македонија ќе го одигра на гости и тоа во Лихтенштајн на стадионот во Вадуц.

Македонија секогаш кога гостувала на овој стадион имала поддршка од многуте печалбари кои се низ Европа, па така треба да биде и сега. Од Лихтенштајн стигна информација дека билетите за дуелот кој ќе се игра на 22 март, се пуштени во продажба.

Македонските навивачи ќе имаат свој дел од трибините (Трибина Е, сектор 2), а има четири различни категории на цени. Билет за возрасен човек чини 15 швајцарски франци. За млади од 16 до 20 години билетот е 10 швајцарски франци, за деца до 16 години билетот се наплаќа само пет франци, додека за пензионери, односно за лица над 64 години билетот чини 12 швајцарски франци.

Се очекува Македонија да има поддршка од преку 1.000 навивачи. Сите оние кои сакаат да обезбедат билет за овој меч тоа може да го направат со кликање на следниот ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести