Наполи неочекувано загуби на гостувањето кај Комо со 2:1 па тимот од југот на Италија го загуби првото место на табелата во Серија А. Наполи остана на 56 бодови и сега има еден помалку од Интер кој е лидер.
Веќе во следното коло ќе има големо дерби меѓу двете првопласирани во Серија А. Наполи ќе биде домаќин на Интер, а газдата на Наполи, Аурелио Де Лаурентис верува дека неговиот тим повторно ќе биде на чело на табелата.
„Имаме само еден бод помалку од Интер и тоа не треба да не плаши. Ние сме одличен тим со одличен тренер. Ние сме Наполи. Форца капитано, Форца рагаци!“, напиша претседателот на клубот на Твитер по завршувањето на дуелот против Комо.
Де Ларуентис додава дека трката за титулата ќе биде неизвесна уште долго време.
„Како што стојат работите, победата на Наполи следниот викенд ќе значи дека ќе имаме два бода повеќе од Интер во поредокот. Трката за титулата е жива и се менува од натпревар по натпревар. Доколку Интер победи против нас тоа ќе значи дека ќе заостауваме четири бодови и тогаш ќе имаме потешка задача“, додаде првиот човек на Наполи, Де Ларуентис.