Јувентус го победи Каљари со 1-0, што за Старата дама е четврти триумф по ред во Серија А, и во моментов нема друг тим во лигата со таква убава победничка низа.
По испаѓањето од Лигата на шампионите, сега фокусот на Јуве е да се обезбеди место во ЛШ за следната сезона, бидејќи сè друго ќе биде дебакл за најтрофејниот италијански клуб.
Голот за победа падна во 12-та минута, а стрелец беше Душан Влаховиќ кој го мина и противничкиот голман пред да ја испрати топката во мрежа, демонстрирајќи дека сепак е голгетер број 1 во својот тим.
⚽️ GOAL: vlahovic
🇮🇹 Cagliari 0-1 Juventuspic.twitter.com/QJorDDF3kn— Goals Xtra (@GoalsXtra) February 23, 2025