Можеше да биде исклучен, а Хакими со два гола го реши Лион (Видео)

Пари Сен Жермен нема сериозна конкуренција во Франција, вечерва победи и на гости кај некогашниот првак Лион со 3-2 во интересен меч на кој сите пет гола паднаа во второто полувреме.

Два гола за ПСЖ даде бекот Ашраф Хакими, а погоди и Усман Дембеле кој е во феноменална форма во 2025 година. При голот на Хамики за 3-1, супер атрактивен потег имаше Гонсало Рамош.

Сите други во Франција кои не се фанови на ПСЖ, се лути на судиите и сметаат дека тие го фаворизираат првакот. Двојниот стрелец Хакими според нов требаше да добие црвен картон и кои којзнае како би се одвивал мечот во Лион ако се случеше тоа.

Еве го удирањето на Хакими на противнички играч за кои избегна исклучување:

- Оглас -

Најнови вести