Беса и Гостивар одиграа без голови во меч од 20-тото коло, а по дуелот имаше големо незадоволство кај домашниот тим. Од таборот на Беса сметаат дека биле оштетени во две ситуации за кои тие сметаат дека требало да има пенал во нивна корист.
„ФК Беса 1976 отсекогаш бил дел од фудбалот со посветеност, жртва и страст, почитувајќи ги правилата и фер конкуренцијата. Но, за жал, на многу последователни натпревари продолжува намерата да бидеме оштетени од страна на судиите. Во последниот натпревар бевме ускратени за два чисти пенали кои можеа да го променат текот на натпреварот и конечниот резултат.
Ова не е првпат нашиот тим да се соочи со неправедни одлуки кои директно го оштетуваат не само трудот на нашите челници и залагањето на играчите туку и интегритетот на првенството. Досега ја трпевме оваа ситуација со надеж дека ќе има подобрување, но нашето трпение има граница!
Доколку и на следниот натпревар се соочиме со ист третман и пристрасно судење, раководството на клубот ќе се повлече од натамошно натпреварување“, се вели во реакцијата на Беса.
Беса е на последното место на табелата само со 14 бода. Следниот меч ќе ѝ биде на арената „Тодор Проески“ во Скопје против засилениот Вардар.
Ова се двете спорни ситуации за кои од Беса сметаат дека биле оштетени на дуелот против Гостивар.