Пет интересни дуели од пет различни првенства во Европа се дел од денешните Квоти на денот, а ако сите комбинации се одиграат заедно на еден тикет, вкупниот коефициент што ќе го добиете е 57.73.
Во Турција се игра големото дерби на Истанбул меѓу Галатасарај и Фенербахче. Предлогот е да има победник во меч на кој двата тима ќе постигнат барем по еден погодок за да биде добитна квотата од 2.10.
Виборг е домаќин на Силкеборг и тука е потребно да има победник и да има најмалку три погодоци на средбата, комбинација која се вреднува со квота точно два.
Рома е апсолутен фаворит во дуелот со Монца, а освен победа на Волчицата, потребно е да бидат постигнати два или повеќе гола во второто полувреме. Доколку овие услови се погодат, добитен ќе биде коефициентот од 2.60.
Севилја и Мајорка треба да одиграат меч со најмалку по еден погодок во двете полувремиња, а квотата за тоа е 2.25.
Порто се очекува да победи на свој терен против Виторија Гимараиш, а освен „кецот“, потребно е да има и најмалку еден погодок во првото полувреме. Оваа комбинација се вреднува со 2.35.