Ливерпул титулата во Премиер лигата може да ја обезбеди на мечот против Арсенал

Екипата на Ливерпул е многу блиску до освојување титулата во Англија откако вчера го совлада шампионот Манчестер сити со 2-0 и има големи 11 бодови плус во однос на второпласираниот Арсенал, кој има и еден меч помалку.

Ливерпул треба да одигра уште 11, а Арсенал уште 12 меча. Математички, трката не е завршена, а може да се случи токму на меѓусебниот дуел на овие два тима да се потврди титулата на Црвените.

Доколку Арсенал ги добие сите натпревари до 10 мај, кога игра со Ливерпул, а и доколку Ливерпул ги добие сите мечеви дотогаш, тоа би можело да биде средбата која би можела да го официјализира Ливерпул како шампион на Англија. Ќе биде потребно Ливерпул да ги порази Топчиите на „Енфилд“.

Секако, Ливерпул може и порано да ја обезбеди титулата доколку избраниците на Микел Артета продолжат со променливите игри, а притоа Црвените да не направат серија киксеви.

- Оглас -

Најнови вести