ФК Вардар со јавна благодарност до првакот Струга за добрата организација на мечот

Фудбалскиот клуб Вардар преку официјалниот сајт изрази благодарност до Струга Трим Лум за одличната организација на мечот одигран во саботата.

„ФК Вардар сака да изрази благодарност кон домаќинот на натпреварот кој го одигравме во саботата против шампионот на Македонија. Приемот и организацијата беа на европско ниво, како што доликува на еден шампион на оваа држава“, објавија од најтрофејниот клуб.

- Оглас -

Најнови вести