Иванишевиќ: Ѓоковиќ е најдобар во историјата, таа дебата одамна е завршена

Легендарниот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ, кој до пред извесно време работеше и како тренер на Новак Ѓоковиќ, смета дека Србинот е број 1 во историјата на „белиот спорт“.

Аргументите се на страната на Новак, тој има освоено најмногу гренслемови, најмногу Мастерси, има најмногу недели поминати на врвот на АТП-листата, а исто така има и подобар учинок против неговите најголеми ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Затоа и Иванишевиќ нема дилема кој е најдобриот тенисер на сите времиња.

„За мене дебатата е завршена одамна. Прашање е само кој ви се допаѓа повеќе. Овие тројца освоија 60 гранслем-титули. Тоа е неверојатно. Можеби повеќе ви се допаѓа Надал, Федерер или некој друг, но за мене Новак е најдобар и најголем во историјата“, вели популарниот Зец (зајак) од Сплит.

Ѓоковиќ и Иванишевиќ почнаа соработка во 2019 година, во тој период Новак освои девет гранслем-титули, но решија да се разделат во февруари 2024 година.

 

- Оглас -

Најнови вести