Борко Ристовски: Ракометот го прогласивме за спорт број 1 во Македонија

Министерот за спорт, Борко Ристовски, истакна дека во Министерството одлучиле дека ракометот е спорт број 1 во Македонија.

„Ова теза сум подготвен да ја бранам пред секого. Сите ракометни репрезентации имаат учествувано или се пласирани на големи натпреварувања. Според тоа, логично е најголем број од средствата од субвенциите да одат во ракометот. Кога се зборува за форми на финансирање за развој во ракометот, подготвуваме стратегија која ќе ја направиме во соработка со Федерацијата. Тоа е неопходно. Се бориме за повеќе средства да влегуваат во спортот. Но, против сме да се трошат државните пари без резултати. Мора да работиме плански“, изјави Ристовски.

Ристовски се осврна и на спортската инфраструктура во Македонија.

„Во тек е обнова и реновирање на повеќе сали низ целата држава. Исто така во скоро време ќе почнат да се градат три нови спортски сали, две во Скопје и една во Струмица. Планираме големи инвестиции во инфраструктурата бидејќи јасно ми е дека без услови нема резултати. Сакаме да направиме и оддел во нашето Министерство за ние да стопанисуваме со салите“, изјави Ристовски, кој презел обврска да разговара со надлежните од спортскиот центар „Борис Трајковски“ во насока на намалување на цената што клубовите треба да ја платат за користење при одигрување натпревари во овој објект.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочовска, најави дека буџетот за спорт за 2025 година ќе изнесува 1,1 милијарда денари, што е двојно повеќе од лани и повеќе од трипати во однос на 2019 година.

 

- Оглас -

Најнови вести