Јунајтед отпушти 200 вработени, само фудбалерите ќе јадат на сметка на клубот

Манчестер јунајтед петта година по ред е во загуба, па откако пред неколку месеци беа отпуштени 250 вработени, сега таа бројка се зголеми за нови 200. Раководството на клубот одлучи и да ја укине бесплатната храна за сите вработени, освен за фудбалерите, кои ќе бидат единствените кои ќе може да јадат на сметка на клубот.

Во делот на вработените е и тренерот Рубен Аморим, кому ќе му следува само супа и сендвич на сметка на Манчестер јунајтед.

Од сметководството на Црвените ѓаволи пресметале дека со укинувањето на бесплатната храна, клубот ќе заштеди еден милион евра годишно.

- Оглас -

Најнови вести