Рома ја наполни мрежата на Монца (Видео)

Рома оствари убедлива победа против Монца на домашен терен славејќи на „Олимпико“ со 4-0. Тимот на Клаудио Раниери доминираше во текот на целиот натпревар и постигна по два гола во двете полувремиња.

Алексис Салемакерс во десеттата минута донесе водство, а Елдор Шомуродов зголеми на 2-0 во 32-та минута.

Рома продолжи да доминира и во вториот дел. Анхелињо во 73-та минута го постигна третиот гол, а Брајан Кристанте ја затвори серијата голови во 88-та минута.

- Оглас -

Најнови вести