РФМ им исплати награда од 3 милиони денари на ракометарите за настапите на СП во Вараждин

Ракометната федерација на Македонија ѝ исплати 3 милиони денари на машката сениорска репрезентација за учеството и настапите на Светското првенство кое се играше минатиот месец.

„По претходно донесена одлука на Управниот одбор, денес Ракометната федерација на Македонија ѝ ја исплати наградата во износ од 3.000.000 денари на машката сениорска репрезентација за настапот на IHF World Championship 2025. Македонската сениорска репрезентација на Светското првенство настапи во градот Вараждин, Р. Хрватска и се пласира од прелиминарната во главната фаза од натпреварувањето. Машката сениорска ракометна репрезентација го задржа континуитетот на настапи на големите натпреварувања, обезбедувајќи учество на девети последователен ракометен Мундијал“, објавија од Федерацијата, која уште некој ден ќе биде предводена од Живко Мукаетов.

 

- Оглас -

Најнови вести