Португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо е во преговори за откупување на поголем дел од акциите на шпанскиот прволигаш Валенсија. Тој најави можност дека по завршувањето на активната кариера сака да стане сопственик на познат фудбалски клуб и оваа вест е почеток на една таква реализација.
Кристијано Роналдо и Питер Лим, актуелниот сопственик на Валенсија, веќе долго време имаат блиски деловни односи. Во 2015 година, Лим го презеде брендот на Роналдо, а нивната соработка продолжи и во 2021 година, кога заеднички го лансираа проектот Zuju GP. Ова ја потврдува нивната долгорочна бизнис-поврзаност.
Во последните години, Роналдо изјави дека по завршувањето на својата играчка кариера, наместо тренер или директор, повеќе би сакал да биде сопственик на фудбалски клуб.
Португалецот е во напредни преговори за продолжување на договорот со Ал-Наср до 2026 година, со што би заработувал 200 милиони евра годишно и потенцијално би добил акции во клубот. Но, тој сака да инвестира и во познатиот клуб од Ла Лига на кој e член и македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски.