Монако и Фиорентина се фаворити дома, во германското дерби головите се загарантирани

1709 Монако – Ремс (20:45 ч.)

Монако е една од екипите со најдобар биланс кога игра на домашен терен, па во 12 меча има осум победи, две ремија и само два порази. Ремс е тимот со најслаба форма ако се погледнат последните пет кола и има четири порази и само едно реми, па сега е во опасност да оди и во зоната за испаѓање.

Монако во просек постигнува по два гола на меч, но сезонава со Ремс нема добро искуство затоа што во првенството на гости одигра 0:0, а само пред еден месец беше елиминиран од овој тим во 16-финалето на Купот. Тоа значи дека домаќините сега имаат дополнителен мотив за да победат.

Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (1.97)

 

3770 Фиорентина – Лече (20:45 ч.)

Откако го победи Интер со 3:0, Фиорентина влезе во очаен ритам и загуби три меча во низа. Токму затоа дуелот со Лече има големо значење за Виолетовите, едноставно мора да се стави крај на поразите.

Во есенскиот дел од сезоната, Фиорентина на гости кај Лече победи со убедливи 6:0, па едноставно јасно е кој ја има улогата на фаворит и вечерва.

Предлог тип: 1-1&2+ (3.70)

 

1801 Штутгарт – Баерн Минхен (20:30 ч.)

Во лоша форма е Штутгарт, кој освои само четири бода во последните пет кола, па дополнителен предизвик е домаќините да одиграат на врвно ниво затоа што на гости им доаѓа Баерн Минхен.

Кога играат овие два тима едноставно има многу голови. На девет од последите 12 дуели било со 4+ голови, а на останатите три имало 3+.

Предлог тип: ГГ3+ (1.81)

 

1301 Валјадолид – Лас Палмас (21 ч.)

Две екипи кои се „печени“ за испаѓање од шпанското првенство. Валјадолид има шест порази по ред, а Лас Палмас е со шест порази и едно реми во последните седум дуели.

Валјадолид е тимот со убедливо најлош напад и најслаба одбрана и затоа е закован на дното од табелата.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.75)

 

1091 Астон вила – Кардиф (21 ч.)

Пресметка од осминафиналето во ФА купот на кој тимот од Бирмингам е апсолутен фаворит. Астон вила уште е дел и од Лигата на шампионите, па едноставно не смее да има проблеми со ривал кој стравува за опстанок во втората лига во Англија.

Се очекува Астон вила од првиот момент да започне офанзивно и да ги реши сите дилеми околу патникот во четвртфиналето.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.80)

- Оглас -

Најнови вести