Болоња го победи Милан со 2-1 во заостанат меч од Серија А, а по предноста на гостите од 1-0 на полувреме, пресвртот се најави во 48-мата минута со контроверзен гол кој предизвика многу реакции.
Голот го даде Кастро, но спорена беше асистенцијата на Фабијан, за која делуваше дека е со рака. Судиите две минути ја гледаа ситуацијата на забавена снимка, а на крајот одлуката беше дека голот треба да важи, што предизвика незадоволство кај Милан.
Голот за победа на Болоња, која со ова му побегна три бода на Милан, го даде Ндоје, кој добро се снајде во 82-рата минута и ја вметна топката во гол. По 26 кола, Болоња е шеста, а Милан осми на табелата.
Инаку, Рафаел Леао му донесе водство на Милан во 43-тата минута. Тој стана прв фудбалер на Милан по Кака кој шест сезони во Серија А по ред во дресот на Росонерите дава барем пет гола.
Ова е спорниот момент и голот на Болоња на којшто му претходеше можно играње со рака:
2 minutes of watching the VAR and they accepted this goal 🤡🤡🤡@SerieA#BolognaMilan pic.twitter.com/Bj5WjsGPpK
— Football Master (@Foot_Masters) February 27, 2025