Кошаркарското Ел Класико за Реал, нов блесок на Македонецот Шортс во Евролигата

Реал Мадрид ја совлада Барселона со 96-91 во големото шпанско дерби, овојпат играно во рамките на кошаркарската Евролига.

Сега двата ривала имаат еднаков биланс во досегашниот дел од сезоната, по 14 победи и 13 порази, што не ги задоволува, но имаат проблеми со повреди и погрешни трансфери, па далеку се од врвот.

Реал во вистински момент ја прекина серијата од три порази по ред, Кралскиот клуб по вторпат ја победи Барселона во Евролигата откако славеше и есеноска како гостин.

Вечерва во Евролигата играа и победија и македонските репрезентативци Ти Џеј Шортс и Ненад Димитријевиќ.

Американецот со македонски пасош со 27 поени и по три скока и асистенции беше предводник на Париз баскет во победата над Баерн Минхен од 93-88.

Димитријевиќ со Армани Милано беше подобар од Монако со 86-80, а Нено за 12 минути игра имаше 4 поени и 4 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести