Одбил да потпише за Реал затоа што се плашел како ќе жонглира на промоцијата пред 30.000 луѓе

Илјадници фудбалери сонуваат да добијат понуда да заиграат за Реал Мадрид, а малкумина имаат таква можност. Тие што добиваат шанса да потпишат за Реал Мадрид тоа и го прават, а на прсти се бројат оние кои биле на радарот на Кралскиот клуб, но сепак не сакале да го облечат дресот на најтрофејниот во Шпанија.

Некогашниот италијански репрезентативец Гаетано Д’Агостино во 2016 година ја заврши кариерата, а дури сега проговори за нешто што се случувало пред 15-тина години. Гаетано Д’Агостино во тој период беше еден од најдобрите играчи за врска, играше за Рома, Удинезе и Фиорентина, а во еден момент добил повик од Реал Мадрид.

Италијанскиот фудбалер открива дека не ја прифатил поканата да потпише за Реал поради една бизарна работа.

„Имав 99,99 отсто шанси да заиграм за Реал Мадрид. Речиси беше договорено да потпишам за Реал Мадрид, но јас имав голем страв за тоа како ќе излезам на „Сантијаго Бернабеу“ и ќе треба да жонглирам пред 30.000 навивачи. Што ќе биде ако ми паднне топката и сите почнат да ми се смеат? Поради тој страв, едноставно не заминав во Реал Мадрид. Немав храброст“, открива Д’Агостино.

Досега се знаеше само за легендарниот Франческо Тоти дека го одбил Реал Мадрид за да остане верен на Рома, а сега на оваа листа се приклучува и Гаетано Д’Агостино.

- Оглас -

Најнови вести