Лос Анџелес лејкерс славеше над Минесота со 111:102 во еден од петте меча кои се играа во НБА-лигата. Леброн Џејмс беше вистински лидер на теренот со 33 поени, 17 скокови и шест асистенции. Веднаш зад Џејмс беше Лука Дончиќ, кој постигна 21 поени, 13 скока и пет асистенции. Дончиќ имаше лош процент на погодени шутеви (погоди шест од 20 обиди, а само една тројка од девет обиди).
Денвер загуби на гости кај Милвоки со 112:121, а Никола Јокиќ повторно имаше трипл-дабл. Србинот заврши со 32 поенa, 14 скокa и 10 асистенции.
Неверојатен меч имаше Стеф Кари, кој постигна 56 поени во триумфот на Голден стејт на гости кај Орландо со 121:115. За Кари ова е 14-ти пат да постигне 50+ поени. Тој го надмина Патрик Јуинг на вечната листа на стрелци на 26-тото место во НБА со 24.867 поени.
Во останатите два меча кои се играа ноќеска, Далас го победи Шарлот со 103:96, а Њу Орлеанс славеше на гостувањето кај Феникс со 124:116.