Пет интересни комбинации од најсилните лиги во светот се дел од денешните Квоти на денот. Доколку сите пет комбинации ги одиграте на еден тикет, вкупниот коефициент што ќе го добиете е 57.38.
Баерн Минхен гостува кај Штутгарт и тука е потребно баварскиот гигант да постигне барем по еден погодок во двете полувремиња.
Монако е фаворит за победа над Ремс, а освен „кецот”, потребно е да има и од два до пет гола.
Фиорентина на свој терен не треба да загуби од Лече во пресметка на која двата тима ќе постигнат гол.
Валјадолид и Лас Палмас потребно е да одиграат ГГ, но да има барем еден погодок во првото полувреме.
Во ФА купот, Астон вила уште на полувреме треба да води против Кардиф и на крајот да победи во дуел на којшто ќе бидат постигнати најмалку три погодоци.