Екипи од Серија А и Премиер лигата со интерес за напаѓачот на Барселона

Четири екипи се во трка по потписот на напаѓачот на Барселона, Феран Торес. Каталонците сакаат да го продадат напаѓачот што го купија од Манчестер сити за 55 милиони евра, а се надеваат дека ќе добијат околу 40 милиони евра од неговиот трансфер.

Се работи за по две екипи од Серија А и Премиер лигата, кои сакаат да го ангажираат Торес. Наполи, Милан, Арсенал и Тотенхем се екипи кои во своите редови сакаат да го видат напаѓачот кој оваа сезона на 28 натпревари успеа да постигне 11 гола.

- Оглас -

Најнови вести