Арсенал сака да го купи Кимих, а преговара и со Зубименди

Англискиот премиерлигаш Арсенал покажува сериозен интерес за Џошуа Кимих од Баерн Минхен, пренесува „Скај Германија“. Германскиот репрезентативец има договор кој истекува и може да преговара со други клубови, но во исто време води разговори и со баварскиот клуб.

Доколку Кимих биде доведен, Арсенал ќе пополни значајна празнина во средниот ред, бидејќи на Жоргињо и на Томас Парти исто така им истекуваат актуелните договори.


Медиумите во Англија тврдат дека Топчиите не се далеку и од трансфер на играчот за врска на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди.

Арсенал е второпласиран на табелата во Премиер лигата со 13 бодови заостанување зад лидерот Ливерпул и шест пред третопласираниот Нотингем Форест. Шансите на Топџиите да ја освојат титулата не се големи, но тие се речиси сигурни учесници во Лигата на шампионите следната сезона.

За Џошуа Кимих сериозен интерес покажува и Пари Сен Жермен.

- Оглас -

Најнови вести