Менаџерот на Манчестер jунајтед, Рубен Аморим, одговори на критиките од поранешниот капитен на Црвените ѓаволи, Рој Кин. Ирецот даде прилично негативен коментар за капитенот на тимот, Бруно Фернандеш, и одлуката на Аморим да му ја довери капитенската лента.
Според Кин, Фернандеш не е „борец“ на теренот и за да бидеш капитен на Јунајтед не е доволно само да имаш талент.
Сепак, Аморим го пофали Португалецот за неговата игра против Евертон. Тој одигра клучна улога во ремито на Јунајтед на „Гудисон Парк“, каде што тимот успеа да се избори за бод откако губеше со 0-2.
„Јас имам поинакво мислење од Кин. Бруно е многу важен играч за нас во клубот. За мене, тој е посебен. Игра одлично во многу тежок контекст и секогаш сака да преземе одговорност“, изјави Аморим.
„Но, секој има право на свое мислење. Рој Кин имаше високи стандарди во негово време, па е нормално да има став. Јас, сепак, имам спротивно мислење и верувам дека моето е поважно, бидејќи јас сум тренерот. Сметам дека Бруно ја врши својата работа релативно добро“, додаде менаџерот на Манчестер јунајтед.