Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, изјави дека Алехандро Гарначо ќе им плати вечера на соиграчите како казна што реши да оди директно во соблекувалната откако беше заменет во првото полувреме при победата од 3-2 над Ипсвич Таун.
Гарначо беше заменет доцна во првото полувреме по исклучувањето на Патрик Доргу, па незадоволниот Аргентинец наместо да седне на клупа, замина во соблекувална.
„Следниот ден тој дојде во мојата канцеларија и ми кажа дека отишол во соблекувалната да се пресоблече затоа што бил мокар. Го гледаше натпреварот, но не седеше на клупата. Нема проблем. Но, во голем клуб како Манчестер јунајтед, сите детали се важни, а важна е и перцепцијата. Тој ќе плати вечера за целиот тим и толку“, изјави Аморим.