Кјеза можеби нема да добие шампионски медал ако Ливерпул ја освои Премиер лигата

На Италијанецот Федерико Кјеза во моментов не му следува медал за освоена Премиер лига иако е член на Ливерпул кој повеќе од сигурно ќе ја освои титулата.

Правилата велат дека за некој играч да добие медал, мора да имал барем пет настапи во Премиер лигата во таа сезона, а Кјеза засега играл на само три меча и за да земе медал му треба да влезе во игра на барем уште две средби.

Откако потпиша за Црвените, крилниот напаѓач се мачи со повреди и одигра 370 минути во сите натпреварувања, од кои само 25 во Премиер лигата, па уште нема ни гол ни асистенција во англиското првенство.

- Оглас -

Најнови вести