Лионел Меси во интервју за една телевизија, меѓу другото раскажа и за потешкотиите кои ги имал со адаптацијата во Пари Сен Жермен каде остана две сезони (од 2021 до 2023), но тоа му било мачење.
„Одлуката за трансфер во ПСЖ морав да ја донесам набрзина бидејќи морав да ја напуштам Барселона. Поминав две години во Париз каде не уживав. Не бев среќен на дневна база, ни на натпреварите, ни на тренинзите. Тешко ми беше да се прилагодам“, се потсетува Аргентинецот кој сега игра во американскиот тим Интер Мајами.
Во Мајами е среќен и го пронајде тоа што го барал.
„Во МЛС лигата би рекол дека се игра брзо и со физички контакти. Има многу млади талентирани играчи, сите тимови играат офанзивно, се обидуваат да постигнат што повеќе голови, мечевите се отворени“, вели Меси.