Милан во моментов е далеку од местата кои водат во Лигата на шампионите, а титулата во Серија А е невозможна мисија. „Црвено-црните“ од „Сан Сиро“ имаат 41 бод, осум помалку од четвртопласираниот Јувентус и 16 помалку од градскиот ривал и лидер на табелата, Интер.
Токму ова е причината за раководството на Милан да размислува за тренерска смена и отказ за Консеисао, а размислувањата се насочени кон легендарниот Сеск Фабрегас, за кого се предвидува дека ќе биде еден од најдобрите тренери во Европа.
Фабрегас во моментов е предводник на Комо, екипата каде ја заврши играчката кариера, а најавената смена на клупата на Милан е планирана за налето.