Ајакс „гази“ во Холандија, Барса ќе го искористи подарокот од Реал

1954 Кашимпаша – Галатасарај (14 часот)
По ремито со Фенербахче, лидерот Галатасарај ја задржа бодовната предност на врвот, а сега ќе стори сѐ да ја одржува со победи. Предлогот е триумф на Галата, со најмалку два постигнати гола за гостите.
Предлог тип: 2 & T2 2+ (1.82)

2940 Алмере – Ајакс (14.30 часот)
Ајакс реди победи во Хоандија и веројатно нема да може да го сопре ниту Алмере. Победата на Ајакс ќе биде изразена со неколку гола на мечот, а нашиот предлог е од три до шест гола.
Предлог тип: 2 & 3-6 (2.09)

1490 Барселона – Реал Сосиедад (16.15 часот)
Барселона има одлична можност со триумф да се одлепи од Реал Мадрид и да го прескокне Атлетико за да се врати на врвот во Ла Лига. Каталонците играат одлично во моментот и се очекува победа. На дуелот се очекуваат и голови.
Предлог тип: 1 & 3-5 (2.06)

1955 Фенербахче – Анталијаспор (18.30 часот)
Фенербахче нема друг избор освен да победува и да се надева на „кикс“ на Галатасарај во првенството на Турција. За денешниот меч е суспендиран тренерот Жозе Мурињо, но тоа не треба да ги спречи фудбалерите да остварат триумф. Очекувањата се дека ќе имаат водство и по првиот дел.
Предлог тип: 1-1 & 2+ (1.82)

2937 Олимпик Марсеј – Нант (20.45 часот)
Марсеј сака да се врати на патеките на успехот откако имаше бродолом на дуелот против Оксер во минатото коло. Нант има само две победи како гостин оваа сезона и веројатно нема што да бара на дуелот на „Велодром“. Предлогот е триумф на Олимпик Марсеј и најмалку три постигнати гола на натпреварот.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.87)

- Оглас -

Најнови вести