Елмас со два гола на последните три меча, првпат после 22 месеци одигра 90 минути за клуб

Македонскиот фудбалер Елиф Елмас, се чини дека направи добар потег во јануари со преселбата во клубот Торино.

Елмас на три настапи за Торо, постигна два гола, двата на гостински терен и покажа дека не заборавил да игра фудбал и дека можеби во Лајпциг од каде е позајмен во Торино, неоправдано добиваше мала шанса.

Денеска на гостувањето кај Монца на кое Торино победи со 2-0, Елмас беше стартер, даде гол, а излезе од игра во 90-та минута.

Претходниот пат кога Елмас одиграл 90 или повеќе минути на еден официјален меч за клуб, беше уште на 4-ти мај 2023 година кога уште го носеше дресот на Наполи.

- Оглас -

Најнови вести